Утрински Весник
Македонија

Нуредини: Регионалната соработка ќe го олесни одржливото управување со отпадот

Нуредини: Регионалната соработка ќe го олесни одржливото управување со отпадот

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на покана на генералниот секретар на Централната Европска Иницијатива Роберто Антонионе и министерот за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора Ратко Митровиќ, во име на црногорското претседателство со Централната европска иницијатива (ЦЕИ), учествува на Министерски состанок за животна средина во Трст, Италија.

„Во првиот сегмент на средбата што беше од затворен карактер, разговаравме за предизвиците во управувањето со отпадот. Во оваа прилика ја презентирав нашата нова легислатива и државна стратегија за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад ориентирани кон циркуларната економија. Посебно ја нагласив потребата за соработка на регионално ниво за развој на преработувачките и рециклирачки гранки во управувањето со отпадот, како и иновативните пристапи во користењето на секундарните суровини и придобивките на економијата од обем и размената на знаења и добра пракса“, изјави Нуредини.

Сесијата фокусирана на оваа тема беше затворена со усвојување на Заедничка изјава за соработка во одржливото управување со отпадот во ЦЕИ регионот, додаваат од ова министерство.

Втората сесија е отворена за јавноста и посветена на управувањето и заштитата на водите, а посебно односите помеѓу земјите кои делат прекугранични водни тела, промоцијата на одржливиот развој и градењето на отпорност на општествата и животната средина.

Можете да прочитате

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“

Шукова: Мицкоски живее во паралелен свет каде горењето отпад не загадува