Утрински Весник
Свет

Нуклеарните централи Чернобил и Запорожје се под контрола на руските сили

Нуклеарните централи Чернобил и Запорожје се под контрола на руските сили

Украинските нуклеарни централи во Чернобил и Запорожје, кои сега се под контрола на руските сили, се управувани од украински персонал, соопшти денеска руската агенција за атомска енергија Росатом.

РИА Новости пренесе соопштение на Росатом, во кое се наведува дека со помош на руски експерти се обезбедува надворешно напојување на згаснатата електрана во Чернобил, местото на најголемата нуклеарна несреќа во светот во 1986 година.

Беше речено и дека активностите за обезбедување безбедност во објектите се одвиваат во координација со Меѓународната агенција за атомска енергија.

Можете да прочитате

Објавена е целата понуда на Путин за крај на војната во Украина

Зеленски го одби предлогот на Путин за повлекување од Донбас, и покрај поддршката од Трамп

Путин го сака цел Донбас во замена за мир