Утрински Весник
Свет

Нуклеарна подморница на САД вплови во Персискиот Залив

Нуклеарна подморница на САД вплови во Персискиот Залив

Нуклеарна американска подморница помина низ теснецот Ормуз и во Персискиот Залив во очигледна демонстрација на закана кон Иран откако израелска подморница наводно изведе слична „екскурзија“ во Црвеното Море, пренесува РТ.

УСС Џорџа (SSGN-729) е нуклеарна подморница од класата Охајо која не носи балистички нуклеарни боеви глави, туку 154 крстосувачки ракети „томахавк“- или 66 специјални оперативци, истакна во понеделникот морнарицата, објавувајќи го транзитот на бродот во Арапскиот Залив, како што САД го нарекуваат Перисискиот Залив.

„Џорџа“ беше придружувана од носачите на ракети УСС Порт Ројал (ЦГ 73) и УСС Филипин си (ЦГ 58), а транзитот го изврши во неделата, објави морнарицата еден ден подоцна. Тоа беше само второ такво признание во последните осум години.

По објавата, израелскиот јавен радиодифузер Кан  објави дека една од израелските подморници минатата недела поминала низ Суецкиот Канал со одобрение од Египет. Сепак, извештајот на Кан цитираше арапски разузнавачки извори додека израелските одбранбени сили одбија официјално да коментираат.

Поморските демонстрации на моќ доаѓаат по минатомесечното убиство на нуклеарниот научник Мохсен Фахризаде, кој наводно ја водел иранската нуклеарна програма. Техеран го обвини Израел за убиството.

Командантот на Централната американска команда (ЦЕНТКОМ), генерал Кенет Мекензи, во моментов е во посета на Блискиот Исток иако не е посочено каде точно се наоѓа. Претходно овој месец, САД испратија два атомски бомбардери во регионот како друга „порака“ до Техеран, повикувајќи се на неодредени извештаи за потенцијална закана од напади од милиции поддржани од Иран.

Низ теснецот Ормуз често патролираат бродови на ИРГЦ, што во минатото доведе до спорови со американските поморски сили кои дејствуваат во оваа област. Годишнината од нападот на американските беспилотни летала во кој загина командантот на ИРГЦ, генерал Касем Солејмани, исто се наближува.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шведска ќе изнајмува ќелии од Естонија поради пренатрупаност на своите затвори

Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија

Лавров се сретна со севернокорејскиот лидер