Утрински Весник
Македонија

НСШП: Шумската полиција без заштитна опрема

НСШП: Шумската полиција без заштитна опрема

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Независниот синдикат на полицијата и Синдикалната организација на шумската полиција од Скопје денеска информираа дека во услови на пандемија не е обезбедена никаква заштитна опрема и средства за дезинфекција за шумската полиција.

Според синдикатот, припадниците на шумската полиција сами си купуваат заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција кога одат на терен.

– Тие сами собираат средства за да си купат средства за дезинфекција и заштитна опрема како маски и ракавици кога одат на терен. Ако некој донира само за одредена служба во Министерството за внатрешни работи, а нас не изземаат како служба, не е во ред и треба да се поразговара на повисоко ниво за сите клучни прашања со кои се соочуваме во изминатиот месец ипол, изјави Роберт Кајсторовски, претседател на Синдикалната организација на шумската полиција од Скопје.

Бараат припадниците на шумската полиција да бидат изземени од владината уредба за ограничување на наплатата на надоместоци и додатоци на плати.

Синдикатот верува дека ќе најде заедничко решение со надлежните институции за сите овие прашања за што веќе е испратено писмо до премиерот, министерот за земјоделство и до надлежните во шумската полиција. бак/сп/

Прес на НСШПА Гоце Делчев Тодев, Кајсторовски Роберт

Posted by MИА.mk on Четврток, 09 април 2020

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара