Утрински Весник
Македонија

НСДП за францускиот предлог: Да не се користи за ситно политичко поентирање

Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој Македонија треба да изгради конечен став по финалниот француски предлог за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледува предлогот и повикува на државничко однсување на сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по истиот, соопштија од партијата.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на НСДП, Горан Мисовски, на средбата на владината коалиција побарал: „Коалиционите партнери да покажат државничко однесување и ова прашање да не го користат за ситно политичко поентирање, затоа што државата и општеството се исправени пред историска одлука од која ќе зависи развојот на државата, во насока на отпочнување на процесот на преговори со ЕУ или уште неодреден број на години надвор од европскиот колосек, со неизвесност и политички премрежја“.

„За НСДП државниот интерес во политичкото делување секогаш бил над партискиот и затоа тимови во партијата аналитично и студиозно го разгледуваат “францускиот предлог“ и неговата усогласеност со Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции од јули 2021 година донесена од Собранието“, велат од партијата.

„Земајќи ја во предвид Резолуцијата на македонското собрание и јасно исцртаните македонските црвени линии од премиерот Ковачевски пред заминувањето во Брисел на Европскиот совет, доколку се потврди дека преку овој компромисен предлог се исполнуваат барањата на македонската страна, државата и општеството треба храбро да истапат и да го прифатиме предлогот, во спротивно треба аргументирано да го одбиеме со јасно и недвосмислено искажани причини за одбивањето, свесни за последиците во иднина. За НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во согласност со Резолуцијата на македонското Собрание“, се потенцира во соопштението.

НСДП додаваат од таму, особено го почитува ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој вчера на вонредна седница го разгледал официјалниот предлог и го донел следниот заклучок: “Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“.

Од партијата појаснуваат дека во текот на неделата ќе одржат седница на Извршниот одбор и ќе го соопштат ставот по финалниот „француски предлог“.

Можете да прочитате

Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Сајкоски: Платформата 1198 се обврзува на  150 милиони евра за поддршка на домашното стопанство

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари