Утрински Весник
Македонија

Ноќна автобуска линија во општина Илинден

Ноќна автобуска линија во општина Илинден

Со цел подобра комуникација со централното градско подрачје, по барање на жителите на општина Илинден, од ноќеска почнува да функционира пробна ноќна линија со број 63б, која ќе сообраќа од Транспортен центар до Мралино во сабота и недела во терминот 00.15 часот, информираат локалните власти.

Ова било договорено на работната средба помеѓу градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски и новиот директор на ЈСП, Иван Илиевски.

Како што информираат од општината, на средбата се разговарало и за подобрување на јавниот автобуски превоз со зголемување на бројот на линии и автобуски постојки на цела територија на Илинден.

Можете да прочитате

„Глумците пеат“ денеска и утре во МНТ со повеќе од 50 уметници на сцена

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

Алиу: Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница во соработка со тим експерти од САД