Утрински Весник
Спорт

Нојер: Не сум навикнат на вакво однесување од Баерн

Нојер: Не сум навикнат на вакво однесување од Баерн

Минхен, 19 април 2020 (МИА) – Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер отворено го изрази незадоволството од раководството на клубот околу преговорите меѓу двете страни за новиот договор. Актуелниот на 34-годишниот Нојер истекува за една година и тој е во преговори за нов договор, но на почетокот од оваа недела во печатот се појавија детали за разговорите, што го налутија германскиот репрезентативец.

– Откако сум во Баерн, сите разговори беа доверливи. Ништо досега не излезе на виделина во медиумите. Но, сега деталите за тековните разговори постојано се појавуваат во печатот и честопати се неточни. Ова ме вознемирува. Не е нешто на што навикнав во Баерн, прооментира Нојер.

Според најновите информации, голманот бара плата од 20 милиони евра по сезона и договор кој трае до 2025 година, додека Баварците се подготвени да му понудат договор до летото 2023 година.

Доколку преговорите не успеат, можно е Нојер да ја напушти „Алијанц Арената“ по скоро десет години и повеќе од 370 натпревари за Баварците, но желбата на голманот е да продолжи да игра за Баерн.

– Сакам да потпишам нов договор, што ќе биде добитна ситуација и за мене и за клубот. Сакам да се претставувам на високо ниво и да му помогнам на тимот. Сакам да дадам 100 проценти од себе. Но, условите за тоа мора да бидат соодветни, рече Нојер.

Од следната сезона, конкуренција на Нојер ќе му биде 23-годишниот голман на Шалке, Александар Нубел, за кој се вели дека има клаузула да игра најмалку десет натпревари сезонава за Баварците. Сепак, според Нојер, ова не може да биде вистина.

– Се додека настапувам на ниво, ќе играм. Тоа е моето разбирање на работите, заклучи тој.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот