Скопје, 25 јуни 2020
Кандидатот за пратеник и ко-носител на листа во изборна единица 5 – Јован Митрески денес оствари повеќе средби со граѓани во својата изборна единица.
При средбите Митрески разговараше со локалното население во Мешеишта тој ја презентираше изборната програма на СДСМ и коалицијата „Можеме“.
Дополнително тој истакна дека во овој претежно земјоделски регион од екстремна важност е поддршката која изминативе три години владата ја даде за земјоделците.
За две и пол години исплатени се 314,5 милиони денари субвенции за земјоделците. Обезбедивме 200 милиони евра годишно за земјоделците и 50% поддршка за зелената нафта. Поддршка со финансиска помош до 10.000 евра за Млад земјоделец. Ќе продолжиме и понатаму со највисока стапка и неселективно доделувањe на субвенции за земјоделците, истакна Митрески.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
__________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.