Утрински Весник
Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица-ГП-Ново Село

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица-ГП-Ново Село

АМСМ соопшти дека вечерва од 20:05 часот на магистралниот пат А-4, Струмица-ГП-Ново Село, сообраќајот е нормализиран.

Претходно истиот беше во прекин поради опожарено патничко возило.

Од АМСМ потсетуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Камерите почнуваат да снимаат и возачи, а нови патролни возила ќе го детектираат хаосот од паркирање во Скопје

Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје 

Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка