Утрински Весник
Економија

Нормализиран железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија и обратно

Се враќа железничката линија Скопје-Приштина

Велес, 3 април 2020 (MIA) –  Железничкиот сообраќај на релацијата Гевгелија – Велес и обратно е нормализран повторно, откако синоќа околу 21 часот целосно е исчистен одронот од карпи на пругата помеѓу крстосницата Клисура и жеелзничката станица Миравци.

Како што информиарат од Железничката станица во Велес, утрово во 7.48 часот од Велес за Гевгелија заминал редовниот патнички воз на оваа релација.

Железничкиот сообраќај беше во прекин од вчера во 6,40 минути кога товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Табановце удрил во одрон од камења помеѓу крстосница Клисура и Железничката станица Миравци.

Екипи на ЈП Македонски Железници Инсфраструктура со машина вчера од пругата отстраниле од 150-200 метри кубни одрони паднати на овој дел од пругата, по што таа по 14 часа повторно беше оспособена за железнички сообраќај.ад/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Поддршка за работниците, заслужуваат поголеми плати

Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми