Утрински Весник
Спорт

Норвежанките со „пеколно“ второ полувреме до четврта светската титула

Норвежанките со „пеколно“ второ полувреме до четврта светската титула
Dik 300x250 mk

Норвешка се врати со фантастично второ полувреме за да ја шокираат Франција со неверојатна 29:22 победа во финалето во СП во Гранољерс, Шпанија, за своја четврта светска титула, со што се израмнуваат со Русинките како најуспешна женска репрезентација во историјата.

Првото полувреме не ветуваше многу за Норвешка, откако Франција имаше водство во 16:10, кое беше намалено на 16:12 на полувремето, по што во првите дваесет минути од второто полувреме направија целосен пресврт поведувајќи со 26:20! Ова е слатка одмазда за Норвежанките, кои загубија во мечот за злато од „триколорките“ во 2017 година.

Реистад беше најефикасна за Норвешка со шест гола, Нора Морк додаде пет, додека кај Франција најефикасна беше поранешната вардарка Пино со четири гола.

Бронзата на Мундијалот отиде кај Данките, откако во мечот за третото место со 35:28 ја победија Шпанија.

> Норвежанките со „пеколно“ второ полувреме до четврта светската титула <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето