Утрински Весник
Сцена

Нора Џонс го претстави новиот сингл

Нора Џонс го претстави новиот сингл

 

Лос Анџелес, 24 март 2020 (/) – Познатата кантавторка Нора Џонс ја објави својата нова песна „Im Alive, co којашто и го најавува новиот студиски албум „Pick Me Up Off The Floor“.

Синглот, според нејзините кажувања, настанал во време кога таа се чувствувала доста инспирирана… – Не знам која е точната причина, но претходнава година се чувствував покреативна од кога било, вели Нора.

Песната е снимена во Чикаго. Со себе носи и силна порака. На музичарката во создавањето на синглот и на видеоспотот, ѝ се придружи и Џеф Твиди, член на американскиот состав „Вилко“.

Новатта плоча би требало да биде објавена на 8 мај. Се работи за нејзин седми студиски албум, по „Begin Again” од лани.  си

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка