Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Номинациите за „Златен глобус“ ќе бидат објавени во среда

Img 7972

Номинациите за филмските награди „Златен глобус“ 2021 година ќе бидат објавени подоцна од вообичаениот датум, со задоцнето испалување на стартниот пиштол за овогодишната сезона на холивудски награди.

„Глобусите“ се втори по важност по „Оскарите“ и ја одбележуваат првата голема церемонија во календарот, но оваа година беа одложени поради Ковид-19.

Британските sвезди како Оливија Колман, Кери Мулиган, Сер Ентони Хопкинс и Саша Барон Коен се меѓу очекуваните за номинации, според „Би-би-си“.

Во игра се и Вајола Дејвис и Мерил Стрип, а се очекува и покојниот Чедвик Боузман да биде постхумно номиниран за најдобар спореден актер.

Номинациите ќе бидат објавени во среда попладне, пишува британскиот јавен сервис.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се повеќе млади добиваат инфаркт – лекарите предупредуваат!

Истражување: Мажите се почувствителни на болка од жените

Загадениот воздух – нов „невидлив“ виновник за дебелината