Утрински Весник
Свет

Нов тест за корона би откривал заразени за неколку секунди, тврдат научници

Нов тест за корона би откривал заразени за неколку секунди, тврдат научници

Раните резултати од истражување за нов тест за коронавирус отвораат можност за брзо препознавање на болеста, бидејќи истиот би покажувал присуство на вирусот за само неколку секунди, наместо часови. Едно британско истражување покажа дека методот за анализа на здив, развиен во Велс, може веднаш да открие дали некое лице е заразено со коронавирус, пишува Би-би-си.

Резултатите биле објавени во магазинот „Лансет“ по мало испитување на новиот тест на пациенти во Шкотска и Германија.

Програмерите од компанијата Imspex Diagnostics велат дека нивните уреди би можеле да бидат подготвени за употреба за шест месеци, доколку успеат да обезбедат навремено финансирање.

Технологијата работи со анализа на хемикалии од здивот на пациентот, што може да даде одговор на прашањето од што е заболен истиот и дали има проблеми со дишењето.

Тестовите успеале да откријат трага на Ковид-19 во хемикалиите, што последователно било потврдено со потрадиционален и инванзивен тест за брис од грло и нос.

Во 80 проценти од случаите, ваквото тестирање успешно одредувало дали пациентот страда од Ковид-19, при што тестот ја разликувал оваа болест од другите што предизвикуваат проблеми со дишењето, како што се астма или бактериска пневмонија.

Истражувачите заклучиле: „Доколку се докаже веродостојна, оваа технологија нуди можност за брзо откривање на Ковид-19 во одделите за итни случаи или примарната здравствена заштита, што ќе придонесе за подобра грижа за пациентите и безбедност на здравствените работници“.

„Покрај тоа, развојот и одобрувањето на таков пристап може да овозможи брза дијагностика на Ковид-19 во претстојната сезона на грип“, додаваат тие.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење