Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Нов скандал во Австралија – Обезбедувањето на аеродромите конфискува мобилни телефони без објаснување

Нов скандал во Австралија – Обезбедувањето на аеродромите конфискува мобилни телефони без објаснување
300x250 opst2

Нов скандал избувна во Австралија откако многу патници се пожалија дека обезбедувањето на аеродромот без објаснување им ги одземало мобилните телефони и побарале шифри за нив.

Еден од патниците за „Гардијан“ рекол дека морал да го предаде мобилниот телефон и да ја напише шифрата на хартија, штом пристигнал во Австралија по десетдневен престој на Фиџи.

Весникот наведува дека обезбедувањето ги носи одземените телефони во службените простории каде се чуваат околу половина час. Причината за ваквото однесување е непозната.

“Не сме информирани зошто сакаат да ни ги проверат мобилните телефони. Ништо не ни кажале. Ова е страшно нарушување на приватноста. Којзнае што виделе. Кога имаат мобилни телефони и лозинки, имаат пристап до сè, историја на е-пошта, зачувани лозинки, банкарски сметки, здравствено осигурување“, вели еден патник.

Се испостави дека австралиската гранична служба може легално да одземе мобилен телефон на секој што ќе влезе во земјата, без разлика дали се Австралијци или не.

Портпаролот на граничните власти објасни дека се работи за „заштита на австралиската заедница“ и дека информациите собрани на овој начин „резултирале со успешни операции против нелегални активности“.

Новинарите и активистите за човекови права ја осудија оваа практика, нарекувајќи ја „одвратна и силеџиска“, а владата „диктаторска“.

„Ова е навистина загрижувачки, тоа не треба да се случува во Австралија“, вели активистката Софи Мекнил.

Новинарите особено имаат проблем со оваа практика, бидејќи мораат да ги заштитат своите извори и другите доверливи информации.

Австралија во последните денови е во центарот на вниманието поради неколкудневното малтретирање на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Можете да прочитате

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Грета Тунберг „влечена по земја“ и „принудена да го бакне израелското знаме“ – сведоштва на активисти по акцијата во Газа

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје