Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Нов руски ултиматум за бранителите на Мариупол: Предадете се и ќе останете живи

Нов руски ултиматум за бранителите на Мариупол: Предадете се и ќе останете живи
300x250 opst2

Русија ги повика украинските борци и странските платеници да ја напуштат металуршката фабрика „Азовстал“ во опколениот град Мариупол до пладне по локално време.

„Ги гарантираме животите на сите оние кои ќе го положат оружјето“, соопшти руското Министерство за одбрана. Претходно денеска проруските сепаратистички сили објавија дека се обидуваат да го заземат „Азовстал“, пренесе РИА, повикувајќи се на портпаролот на сепаратистите Едуард Басурин.

Синоќа, американски воен официјален претставник изјави дека Мариупол се чини дека сè уште дава отпор.

„Нашата проценка е дека борбите за градот и натаму траат. Градот е под закана од воздушни напади, ракетни и бомбашки напади и артилерија“, изјави официјален претставник кој побарал да остане анонимен.

Украинските власти побараа од Русија да обезбеди хуманитарни коридори од Мариупол и тамошната фабрика „Азовстал“. „Азовстал“ е еден од најголемите европски металуршки погони. Се протега на 11 квадратни километри и гледа кон Азовското Море.

Окупацијата на Мариупол, главното пристаниште во регионот Донбас, би била стратешка премија за Русија, бидејќи ќе ја поврзе територијата што ја држат проруските сепаратисти на исток со Крим, кој руските сили го анектира во 2014 година.

Можете да прочитате

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Грета Тунберг „влечена по земја“ и „принудена да го бакне израелското знаме“ – сведоштва на активисти по акцијата во Газа

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје