Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 10.427 нови случаи на инфекција со коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Ова е најголемиот дневен број на новозаразени од почетокот на пандемијата во Хрватска. Во последните 24 часа починаа 45 лица.
Но, ова се само позитивни резултати кои беа потврдени со PCR тест, резултатите од брзите тестови се уште се чекаат.
Минатата среда, Хрватска регистрираше 9.894 новозаразени, што до тогаш беше рекорден број.
Една недела претходно, на 5 јануари, беа потврдени 8.587 случаи на инфекција.