Утрински Весник
Македонија

Нов позитивен случај на коронавирус во Тиквешко

Нов позитивен случај на коронавирус во Тиквешко

Кавадарци, 18 јуни 2020 (МИА) – Нов позитивен случај на коронавирус е регистриран во Тиквешко, за МИА потврдуваат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

-Се работи за 64-годишен пензионер од неготинското село Тимјаник, кој, според неговите кажувања, од 20 мај се лекувал на скопски клиники поради други здравствени проблеми, појасни доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог.

Заклучно со овој случај, во четирите општини од Тиквешијата, Кавадарци, Неготино и Демир Капија, од почетокот на пандемијата досега, евидентирани се 27 позитивни лица на коронавирус. За среќа, во Росоман зесега нема регистрирано ниту еден случај на Ковид-19.свд/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани

Трагедија во Тафталиџе: Детето тропало по врати и барало помош