Утрински Весник
Свет

Нов пожар на Евија

Нов пожар на Евија

Грчката противпожарна служба денеска испрати хеликоптери и пожарникари на островот Евија, вториот по големина остров во таа земја, додека крајбрежната стража подготвуваше чамци во случај да е неопходна евакуација на луѓето, бидејќи поради силен ветер избувна уште еден шумски пожар.

Пожарот избувна денеска во близина на западниот брег на островот, пренесува агенцијата АП.

Пожарот го гаснеа 64 пожарникари со 26 возила, девет хеликоптери и еден авион, а наводно пожарот бил изгаснат по неколку часа.

Во претходниот пожар во северна Евија, стотици луѓе беа евакуирани по море од плажите и крајбрежните села, додека огнот се спушташе по падината кон нив.

Причините за пожарот во Грција се уште не се официјално утврдени, но десетици луѓе се уапсени под сомнение дека го подметнале пожарот, меѓу кои и 14-годишно момче.

Можете да прочитате

Маск донирал 10 милиони долари за републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот

Десетици илјади Чеси излегоа на демонстрации за поддршка на претседателот Петр Павел

Аракчи: Уверен сум дека може да се постигне договор со САД за иранската нуклеарна програма