Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Нов парк во Кисела Вода

Нов парк во Кисела Вода
300x250 opst2

Напуштениот простор во Кисела Вода, лоциран меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга, зад бараките во населбата 11 Октомври, денес е нов зелен парк на површина од речиси 16.000 квадратни метри.

„Овој простор, кој е во непосредна близина на центарот на нашиот град, со децении беше запуштен и на него се создаваа поголем број депонии со шут и отпад. На почетокот на годинава екипите на Град Скопје го расчистија просторот, го израмнија теренот и засадија нова трева, а есенва се подигнати нови квалитетни дрвореди“, соопштија од Град Скопје.

Од таму најавија дека ќе продолжат со уредување на местата што претходно биле диви депонии, а кои сега прераснуваат во мали зелени оази со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани.

„Град Скопје во согласност со новите стандарди на квалитет продолжува со подигнување нови дрвореди од квалитетни дрвја со просечна висина од речиси 5,5 метри, кои веднаш ќе се вклопат во екосистемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот. Есенското раззеленување на Скопје продолжува на голем број локации во сите скопски општини“, соопштија од Градот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, полицијата ставена во функција на власта

Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин

Кичевчанец возел со 1.85 промили алкохол во крвта