Утрински Весник
Спорт

Нов инцидент во НБА – Се тепаа Гобер и Тарнер

Нов инцидент во НБА – Се тепаа Гобер и Тарнер

Нова тепачка се случи на паркетите во НБА лигата. Три дена по инцидентот на натпреварот Денвер Нагетс-Мајами Хит, кога Никола Јокиќ го фрли на паркетот Маркиф Морис, тепачка се случи на дуелот Јута Џез-Индијана Пејсерс.

Главни актери беа центрите на двата тима, Руди Гобер и Мајлс Тарнер. Гобер ја предизвика тепачката, откако доби блокада од Тарнер.

Додека паѓаше Гобер го повлече и Тарнер, кога станаа инцидентот прерасна во физичка пресметка. Во тепачката потоа се вклучија Донован Мичел и Џо Инглс.

Четворицата беа исклучени.

Натпреварот и припадна на Индијана 111:110. Малком Бронгдон постигна 30 поени. На спротивната страна исклучените Мичел и Гобер беа најефикасни со 26, односно 19 поени.



> Нов инцидент во НБА – Се тепаа Гобер и Тарнер <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија