Утрински Весник
Свет

Нов извештај на Велика Британија: Лукашенко распоредува специјални сили

Британското министерство за одбрана соопшти дека рускиот сојузник Белорусија најави распоредување на сили за специјални операции долж границата со Украина, пренесуваат медиумите.

Британското министерство за одбрана, како што пишуваат, известува за зголемување на активноста меѓу белоруските вооружени сили.

Во дневниот извештај, министерството соопштило дека рускиот сојузник, Белорусија има најавено распоредување на сили за специјални операции долж границата со Украина, како и единици за воздушна одбрана, артилерија и ракетни единици на полигоните за обука на западниот дел на земјата“, било наведено во извештаите.

Можете да прочитате

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела