Утрински Весник
Свет

Нов извештај на британското разузнавање: Руските сили се повлекоа од аеродромот Хостомел

Нов извештај на британското разузнавање: Руските сили се повлекоа од аеродромот Хостомел
Dik 300x250 mk

Руските сили наводно се повлекле од аеродромот Хостомел во близина на Киев, соопшти британското Министерство за одбрана во новиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина.

Хостомел е во фокусот на Русија од почетокот на војната, а од првиот ден таму се водат тешки борби, бидејќи заземањето на тој аеродром значеше полесен пристап за Русија до главниот град Киев.

„ Украинските сили продолжуваат да напредуваат против руските сили кои се повлекуваат во близина на Киев“, се вели во извештајот на Министерството.

Украинските сили, исто така, повторно зазедоа неколку села долж источната воена оска, се вели во соопштението.

Се додава дека Украинците, по тешките борби, обезбедиле клучна рута во источен Харков по ослободувањето на Тростјанец на почетокот од оваа недела.

Во тек се обиди на украинските сили да напредуваат од Ирпин кон Буча и Хостомел по северозападната оска, се вели на крајот.

Можете да прочитате

Ким Џонг Ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не можат да ги скршат врските со Русија

Евростат: Грците и Бугарите се сметаат за субјективно најсиромашни во ЕУ

Трамп ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама за царини