Утрински Весник
Свет

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

По повеќе од 100 дена, коронавирусот повторно се појави во Нов Зеланд

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат.

Маските престанаа да бидат задолжителни во Окленд, срцето на неодамнешната епидемија, освен во јавниот превоз и во авионите. Остатокот од Нов Зеланд ги укина сите ограничувања поврзани со пандемијата во понеделникот кога не беа пријавени нови случаи за една недела.

Окленд продолжува да се соочува со ограничувања, но ублажени правила, кои дозволуваат да се соберат до 100 луѓе, објави Би-би-си.

Нов Зеланд е пофален за брзата реакција на Ковид-19, а секојдневниот живот во голема мера се врати во нормала кога земјата објави во јуни дека нема случаи на коронавирус. Но, вториот бран го погоди Окленд во август и најголемиот град во земјата се врати во привремена блокада, а другите градови исто така воведоа нови ограничувања.

Нов Зеланд забележа 1.468 потврдени случаи на Ковид-19 и 25 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во израелски напад врз Газа загинаа најмалку 18 лица, а повеќе од сто се повредени

Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат

„Се чувствувам малтретирано“ – Убиецот од Грац оставил проштално писмо