Утрински Весник
Свет

Нов Зеланд испраќа војници во Велика Британија за обука на украинската армија

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска изјави дека нејзината земја ќе распореди дополнителни 30 војници во Велика Британија, со цел да ја поддржи обуката на украинските сили.

„Војниците ќе бидат во Британија до крајот на јули“, рече Ардерн, цитирана од Си-Ен-Ен.

Војниците, муницијата за обука и вишокот опрема, вклучително и системите за таргетирање, ќе бидат преместени со воздух координиран од Британија.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?