Утрински Весник
Спорт

Нов дебакл на Манчестер јунајтед – Сити победија на „Олд Трафорд“

Нов дебакл на Манчестер јунајтед – Сити победија на „Олд Трафорд“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Манчестер сити, со доминантна парија, го победи Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ со 2:0. Од првата до последната секунда не се поставуваше прашањето кој ќе биде победникот. Јунајтед, уште еднаш покажа немоќ, но за разлика од дуелот со Ливерпл прими само два гола.

„Граѓаните“ имаат предност од седмата минута, кога авто-гол си постигна Ерик Баи. Ова е првиот авто-гол постигнат во градските дуели во Премиер лигата.

Сити има целосна доминација во првиот дел. Покрај голот играчите на Пеп Гвардиола не реализираа неколку добри шанси за гол, во периодот од 23. до 27.минута. Во тие моменти Де Хеа го спасуваше својот тим.

Шпанецот погреши во 45.минута, кога Бернардо Силва го постигна вториот гол за Сити.

Во второто полувреме Сити се определи за држење на топката, без некои конкретни напади кон голот на противникот кој немаше одговор за нивната игра. И со таквата определба Сити имаа две шанси за гол.

Јунајтед во текот на целиот натпревар само еднаш се заканија по голот на Едерсон, во 27.минута кога Бразилецот го одбрани волејот на Роналдо.



> Нов дебакл на Манчестер јунајтед – Сити победија на „Олд Трафорд“ <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата