Утрински Весник
Свет

Нов вирус се појави во Кина: Заразени 35 луѓе – имаат треска, замор, кашлица, анорексија

Нов тип на хенипавирус добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска провинција Шандонг и централната кинеска провинција Хенан, а досега има заразено 35 лица во двете провинции.

dobivaj vesti na viber

Нов тип на хенипавирус е пронајден во примероци од брис од грло од фебрилни пациенти во источна Кина со историја на неодамнешен контакт со животни, пишува „Глобал Тајмс“.

Научниците вклучени во студијата забележаа дека овој новооткриен хенипавирус, кој можеби потекнува од животни, е поврзан со некои фебрилни случаи, при што заразените луѓе доживуваат симптоми како треска, замор, кашлица, анорексија, мијалгија (мускулна болка) и гадење.

Понатамошната истрага покажала дека 26 од 35 случаи на инфекција со Лангија хенипавирусот во провинциите Шандонг и Хенан ги развиле сите тие наведени клинички симптоми.

Вирусот Хендра (HeV) и вирусот Нипа (NiV) од овој род се познати по тоа што можат да ги инфицираат луѓето преку овошни лилјаци, кои се природни домаќини на двата вируса.

Хенипавирусот може да предизвика тешки болести кај животните и луѓето и се класифицирани како вируси на ниво 4 на биолошка безбедност со стапка на смртност помеѓу 40-75 проценти, според Светската здравствена организација (СЗО), истакнувајќи дека тоа е многу повисока од стапката на смртност на коронавирус.

Сепак, во моментов не постои вакцина против хенипавирус и единствениот третман е супортивна нега за справување со компликации.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата