Утрински Весник
Свет

Нов вид на коронавирусот „комбикрон“ се шири во Белгија

Нов вид на коронавирусот „комбикрон“ се шири во Белгија

Нов вид на коронавирусот „комбикрон“ е откриена во неколку европски земји, вклучително и Белгија, и е комбинација од сите подвидови на сојот омиркон.

Експертите забележуваат дека засега нема причина за паника бидејќи се чини дека оваа мутација не се шири побрзо или дава потешка клиничка слика од претходните варијанти.

„Комбикрон“ е создаден со мутација на моментално доминантниот подвид на вирусот омикрон во Белгија БА2 и доминантниот подвид од соседна Франција.

Во исто време, во Европа е откриена мутација во видот делта и омикрон, наречена делтакрон, која се уште не е потврдена во Белгија, но експертите предупредуваат дека овој хибриден вид може да предизвика проблеми доколку се спои со високата инфективност на омикрон, варијанта со висок патоген капацитет.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија