Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Нов ветувачки лек против дебелината

Над половина Французи се здебелиле за време на пандемијата
300x250 opst2

24 јуни 2020

Национална географија – Вашингтон

Дебелината влијае на повеќе од 650 милиони луѓе низ светот и предизвикува долг список на здравствени состојби, вклучувајќи болести како што се дијабетес тип 2, кардиоваскуларни проблеми и десетици смртоносни карциноми. Всушност, глобалната потрошувачка на лекови за лекување на дебелината и поврзани болести изнесува повеќе од 150 милиони евра годишно.

– И покрај ова, во моментов има само неколку лека одобрени за третман на дебелина, а луѓето што ги користат овие лекови ретко успеваат да изгубат тежина, објаснува лекарот Џон Кирван, главен директор на центарот Пенингтон за биомедицински истражувања во Батон Руж, Луизијана.

„За запирање на епидемијата на дебелина, на којашто во моментот сме сведоци, потребни се нови и поефективни лекови. Ова истражување претставува многу ветувачки чекор во процесот на откривање“, пишува во статијата објавена во стручното списание ЕМБО Молекуларна медицина. „Се надеваме дека во не толку далечна иднина, БАМ15 или сродните соединенија во голема мера ќе придонесат за клиничкиот развој на лекови против дебелина и ќе станат одржлива опција за оваа болест, како и за други поврзани лекови.“

БАМ15 многу се разликува од постојните лекови за контрола на телесната тежина, што генерално функционираат на принцип на намалување на апетитот или калории апсорбирани по внесувањето храна. Потенцијалната употреба на овој протеин се заснова на нов пристап, затоа што дејствува така што митохондриите – „електрани“ на клетката се помалку ефикасни, што резултира со „горење“ поголема енергија.

Истражувачите веќе покажаа во студиите на глувци дека оние што добиле БАМ15 покажале помала тенденција да добиваат на тежина согорувајќи повеќе калории отколку глувците во контролната група. Авторите веруваат дека протеинот би можел да се користи во не толку далечна иднина за лекување на дебелината и други слични болести како што се дијабетес, заболувања на црниот дроб, па дури и некои форми на карцином. ки/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, еден загинат, еден тешко повреден

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС

Поради сообраќајка прекинат сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес