Утрински Весник
Економија

Ново финансирање на ЕБОР во Северна Македонија во време на корона кризата

Ново финансирање на ЕБОР во Северна Македонија во време на корона кризата

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) насочи 2,5 милиони евра кон „Охридска банка“ АД Скопје со кои ќе се поддржат проекти за енергетска ефикасност во резиденцијални објекти.

Ова е прв потпишан договор за кредитирање од почетокот на глобалната криза, со кој ќе се поддржи енергетската ефикасност на резиденцијалните згради, ќе се помогне во намалувањето на гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина и ќе се подобри квалитетот на живеење на сопствениците на домаќинствата. 

Со потпишувањето на овој кредит денес, ЕБОР покажува дека е подготвена да ги поддржува партнерските банки  во сите околности. Забележуваме дека побарувачката за кредити за енергетска ефикасност продолжува во време на криза и тука сме да ги поддржиме клиентите на Северна Македонија во зелената транзиција, вели Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР во земјава.

Ова финансирање е трет кредитен договор со „Охридска Банка“ АД Скопје од Програмата за поддршка за зелена енергија.

Охридска Банка“ АД Скопје, во 2019 година ја смени сопственоста и стана дел од  Штаермаркише Шпаркасе групацијата, но е долгогодишен партнер на ЕБОР. бак/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk