Утрински Весник
Македонија

Ново рочиште за „Рекет”

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Судењето против Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, обвинети во предметот „Рекет”, денеска продолжува во Кривичниот суд во Скопје.

На минатото рочиште завршија исказите на сведоците предложени од страна на обвинетиот Јовановски и продолжи со презентација на материјални докази.

Воедно, за ова рочиште одбраната на обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева најави дека ќе ги предложи своите сведоци. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар го затвори експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Скопјанец во Охрид со бензин испрскал момче од Кичево

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево