Утрински Весник
Македонија

Ново рочиште за „Ласкарци”

Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината, тврди возач од компанијата

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Одбраната на обвинетите за случајот „Ласкарци”, на денешното рочиште ќе има можност да постави прашања на градежниот вештак.

Обвинителот кој го застапува обвинението за овој предмет Дарко Јакимовски, за МИА објаснува дека ако се успее да се заврши сослушувањето на вештакот, обвинителството ќе продолжи со презентација на материјални докази.

Судењето за овој предмет го води судечкиот совет на чело со судијката Диана Груевска – Илиевска.

Во тешката сообраќајна несреќа која се случи лани на 13 февруари животот го загубија 16 лица, а 37 беа повредени.оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври