Утрински Весник
Економија

Ново поскапување на бензините, цената на дизелот останува иста

Од полноќ поевтинување на горивата

Регулаторна комисијата за енергетика донесе одлука за новата цена на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Цените на бензините повторно се зголемуваат, додека дизелот ќе се продава по досегашната цена.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат трета недела по ред и од полноќ ќе бидат поскапи за половина денар по литар.

Така, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 66 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 68 денари за литар.

Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како пред една недела.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 56,00 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 45 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 денари за кгилограм и ќе изнесува 35,843 ден/кг.

„Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,397% и кај мазутот за 0,694 %, додека намалување има кај дизелот за 0,124% и кај екстра лесното масло за 0,029% . Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,832%“, објаснуваат од Регулаторна комисија во соопштението за одлуката за новите неделни цени.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“