Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Ново покачување на цената на горивата од полноќ

Ново покачување на цената на горивата од полноќ
Img 7972

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,90 % во однос на одлуката од 11.4.2022 година.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега ќе изнесува 51,599 ден/кг.

Од 19.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 81,50 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС – 98 83,50 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 82,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,599 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.4.2022 година.

Можете да прочитате

Гувернерот Славески: Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто