Утрински Весник
Македонија

Ново инклузивно игралиште за деца со попреченост во Карпош

Ново инклузивно игралиште за деца со попреченост во Карпош

Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Ново детско инклузивно игралиште за деца со попреченост денеска официјално беше отворено во Општина Карпош, на улицата „Веселин Маслеша“. Во игралиштето има поставено адаптирани реквизити токму за овие деца, но и стандардни и фитнес реквизити за рекреација.

Градоначалниците на Општина Карпош и Град Скопје, Стефан Богоев и Петре Шилегов денеска го посетија игралиштето и испратија апел граѓаните совесно да ги употребуваат реквизитите.

-Денеска овде во Карпош 2 и официјално се пушти во употреба ова инклузивно игралиште, направено од Градот Скопје. Се работи за игралиште кое има и реквизити и за дечињата со попреченост но и стандардни реквизити како и дел фитнес реквизити за рекреација. Ја одбравме оваа населба Карпош 2 бидејќи статистички во основното училиште „Верац“ кое е реонско училиште има најголем број на дечиња со попреченост. Се надевам дека тому поради тој факт маскимална ќе биде искористеноста, рече Богоев.

Инвестицијата, како што додаде градоначалникот Шилегов, е околу 2.900.000 денари. Појасни дека Градот ќе продолжи да вложува во социјалната сфера, со цел секој граѓанин да добие еднаква шанса.

-Градот Скопје континуирано продолжува со инвестиција во делот на инклузивноста на сите наши сограѓани. Игралиштето е направено со адаптирани реквизити за да можат децата слободно и комотно да ги употребуваат, и е со сите заштитни мерки кои се потребни, вклучително и гумиран под. Искрено верувам дека секој човек и граѓанин има право на еднаква шанса, а ние како инстиуции сме должни тие шанси да им ги даваме, рече Шилегов.бт/

Отварање на инклузивно игралиште во Карпош

Posted by MИА.mk on Сабота, 30 мај 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег