Утрински Весник
Спорт

Новости поврзани со Лука Јовиќ – Реал го позајмува во Неапол?

Новости поврзани со Лука Јовиќ – Реал го позајмува во Неапол?
Dik 300x250 mk

Само еден ден по шампионската титула на Реал Мадрид, од Кралскиот клуб пристигнуваат вести поврзани со кариерата на Лука Јовиќ

За 25 меча во „белиот“ дрес, Србинот постигна 2 гола, па станува јасно дека сигурно си заминува од „Бернабеу“.

Имаше шпекулации дека напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во Милан, се споменуваше и Манчестер Јунајтед, но се чини дека има промена во вестите кои доаѓаат од Шпанија.

За услугите на Јовиќ е заинтересиран Наполи, каде настапува македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас.

Информациите од Неапол се дека клубот веќе преговара со потенцијална замена за Аркадијуш Милик. Се работи за Нигериецот Виктор Осимхени.

Како „план Б“ италијански „Кориере дело Спорт“ пренесува дека е токму Јовиќ кој би стигнал на позајмица.

Засега останува отворено прашањето околу судбината на српскиот фудбалер.

> Новости поврзани со Лука Јовиќ – Реал го позајмува во Неапол? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја

Денвер предводен од Јокиќ го надигра Голден Стејт