Утрински Весник
Македонија

Новороденче и неговата мајка од Штип позитивни на коронавирусот

Новороденче и неговата мајка од Штип позитивни на коронавирусот

Штип, 30 јуни 2020 (МИА) – Новороденче и неговата мајка се позитивни на коронавирусот. Надлежните од Центарот за јавно здравје информираат дека откако новороденчето појавило симптоми е испратено во болницата во Козле во Скопје, а каде е подложено на испитување и лекување.

Новороденчето и неговата мајка биле на Одделот за неонаталогија, гинекологија и акушерство, во периодот, кога една од медицинските сестри е заразена и е ставена во изолација. Но, остантите шест новороденчиња и нивните мајки се добри и немаат никакви симптоми на коронавирусот. Затоа во текот на денешниот ден се прават епидемиолошки анкети, со цел да се утврди од каде новороденчето и родилката се инфицирале. Не се исклучува можноста изворот на заразата да не е од овој оддел, затоа што останатите не се позитивни на Ковид-19.

Штип денеска во здравствениот билтен е со вкупно 15 новозразени, инаку станува збор за лица, кои се инфицирале по контактите со веќе активните случаи од конфекциите или другите познати кластери. вдј/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Нов ден нов скандал на власта, дали со ПР и манипулации власта ја крие неспособноста да се справи со пожарите?

Во Берово утрово најстудено со еден степен, најтопло во Гевгелија со 16

Уживајте во сонцето до 25 септември, потоа многу поладно и врнежливо!