Утрински Весник
Македонија

Новозаразените со КОВИД-19 во штипскиот регион се контакти на работници од две конфекции

Новозаразените со КОВИД-19 во штипскиот регион се контакти на работници од две конфекции

Штип, 26 јуни 2020 (МИА) – Новозарезените во штипскиот регион од коронавирусот се контакти или членови на семејства на текстилни работници од две штипски конфекции, информираат од Центарот за јавно здравје-Штип. Во Штип денеска има нови 14 позитивни случаи на Ковид 19. Активниот број на случаи во моментов е 182 лица, а денеска официјално се оздравени 16 лица.

Во моментов во изолација и самоизолација има над 400 лица од Штип. По спроведениот скрининг на вработените во детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“ се уште се чекаат резултатите за дваесеттина вработени и тоа од градинката „Астибо“.

По објавувањето на списокот на лица кои одбиваат да дадат точни податоци на епидемиолозите е и лице со име и презиме Тони Ѓеорѓиев од Штип. Со вакво име и презиме е и штипскиот пожарникар Тони Ѓеорѓиев, кој се обрати до МИА и вели дека од утринава мобилниот телефон постојано му ѕвони и го прашуваат во каква здравствена состојба и зошто одбил да даде точни податоци на епидемиолозите. Тој со часови им објаснувал  дека не е тој од списокот, иако има исто име и презиме.

-Во Штип знам и тоа лично најмалку три лица со име и презиме како моето, Тони Ѓеорѓиев, затоа кога ќе се објавуваат вакви списоци нека се наведе улица и број или од која фирма е лицето, а не само да се објави име и презиме, бидејќи на тој начин се нанесува штета на останатите, вели Ѓеорѓиев.

Забележа дека е здрав и не е еден од позитивните случаи во Штип, бидејќи е одговорен како пожарникар, а и  постојано се заштитуваат неговото семејство и колегите на работното место во Територијалната противпожарна единица. вдј/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ЗАМИНУВА: Доаѓа многу попријатно време!

СДСМ: Македонија гори поради неспособноста на Владата

ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ЗАМИНУВА: Доаѓа многу попријатно време!