Утрински Весник
Македонија

Нови 30 дена притвор за Камчев

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев.

„ Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое се уште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена“ се наведува во соопштението од судот.

Камчев се наоѓа во притвор од 14 март, како еден од осомничените во предметот „Плацови на Водно“.

Претходно денеска, неговата одбрана соопшти дека судската одлука за притворот е незаконска, бидејќи доказите врз кои се темели истата, билке прибавени на нелегален начин.

Адвокатот на Камчев, Тони Менкиновски рече дека одбраната ќе поведе постапка за незаконитост на докази кои се поднесени од Агенцијата за национална безбендост, со што ќе бараат тој да се брани од слобода. Според адвокатот единствениот доказ врз основа на кој се темели Решението за определување на мерка притвор, никогаш не бил доставен до одбраната.

Можете да прочитате

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче