Утрински Весник
Македонија

Нови 12 случаи со коронавирус, вкупно 148 дијагностицирани

Петмина нови заразени со Ковид-19

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата, од кои седум во Скопје и пет во Куманово.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус денеска до 12 часот изнесува 148 лица, од кои еден е излекуван, а двајца се починати.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје (88), Дебар (40) – од кои еден починат, Куманово (осум) – од кои еден починат, Штип (седум), Кавадарци (два), Охрид (два), Гостивар (еден).

Поради собирање на податоците до 12 часот, соопштението со детален извештај ќе биде испорачано секој ден во периодот од 12 до 13 часот, стои во соопштението. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен во Србија е возачот што ја усмрти жената во Капиштец 

Филипче удри по внатрешните противнициж, „Нема да дозволам поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ“

Штрајк ја приземјува „Луфтханза“: Илјадници патници погодени, пилотите и кабинскиот персонал излегуваат на протест