Утрински Весник
Економија

Нови цени на горивата од полноќ – дизелот поевтинува два денара

Нови цени на горивата од полноќ – дизелот поевтинува два денара

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48% во однос на одлуката од 28.03.2022 година.

Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V), изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, не се менуваат, и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,217 ден/кг и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 ден/кг.

Од 1.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – еуросупер БС – 95 – 83,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – еуросупер БС – 98 – 85,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – еуродизел  БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)

– Масло за горење – екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,322% или за 25,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 3,722% или за 45,350 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 4,506 % или за 51,550 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 2,553% или за 18,650 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0709 ден/$ и е за околу 0,031 % повисок од курсот на доларот (56,0533 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра