Утрински Весник
Спорт

Нови снимки за Перез: Гути е морон, а Фиго е к..вин син!

Нови снимки за Перез: Гути е морон, а Фиго е к..вин син!

Продолжува објавувањето на тајно снимени разговори во кои се слуша гласот на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Шпански „Ел Конфиденсиал“ утринава ја објави осмата аудио снимка, транскрипт од разговор во кој се инкриминира Перез. На снимките се открива начинот на кој првиот човек на Кралскиот клуб зборувал додека немало медиуми во близина.

Перез со Раул, Касилјас и Кристијано Роналдо имаше комплексен однос, но новите снимки покажуваат дека неговиот однос со поранешниот играч на Реал, Гути бил најлош.

Објавена е снимка од 2007 година, а на неа се слуша коментарот на Перез откако Гути го продолжи договорот со Реал до 2010 година.

„Шокиран сум колку Калдерон се измами со Гути затоа што овој не одигра ниту два добри меча. Очигледно мисли дека сосем мора да му верува инаку ќе го изгуби“ вели Перез кој во тие моменти не е на претседателската функција во Реал, а таму се враќа во 2009 година, по што следната сезона, Гути си оди од клубот.

Интересно е тоа што иако Гути одигра над 500 меча во дресот на „Кралевите“, а ја носеше и капитенската лента, немаше никакво емотивно простување.

Во септември 2012 година е снимен разговор во кој Перез го критикува Гути.

„Гути е морон, тој е како коза, сам себе си е најголем непријател“ вели Перез, па во 2016 година го врати во клубот и му даде место тренер на пониските категории.

Има снимки на кои се слуша какво е мислењето на Перез за Луис Фиго. Документарен филм на „ЕСПН“ – „Los galaacticos” открива дека всушност Португалецот никогаш не ни сакал да прејде во редовите на Реал Мадрид.

Откако во 2006 година го продаде во Интер, Перез го прозва Фиго и го нарече виновник за пропаѓање на една ера Галактикоси.

„Фиго е тој кој ја уништи екипата. Најдобар беше Зидан нема дилеми. Фиго беше ку.вин син, баш како и Раул. Тиа двајца беа најлоши во екипата“ зборувал Перез.

Наводно големи проблеми во тимот тогаш му правел и капитенот Фернандо Јеро, но Перез го отпушти, а Фиго го продаде.

> Нови снимки за Перез: Гути е морон, а Фиго е к..вин син! <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ