Утрински Весник
Македонија

Нови осум лица заразени со коронавирусот во Прилеп

Нови осум лица заразени со коронавирусот во Прилеп

Прилеп, 9 април 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска има регистрирано нови осум лица заразени од коронавирусот. Бројката се искачи на вкупно 46 лица, што значи дека Прилеп е трет во државава по бројот на заболени.

Според Драгица Николоска, директор на Центарот за јавно здравје, станува збор за локална трансмисија и за непочитување на мерките.

– Ако во почетокот стануваше збор за први, втори контакти, сега веќе е локална трансмисија. Ова покажува дека доволно не се почитуваат мерките кои, сметам дека и на ова ниво се доволно ригорозни. Ситуацијата не треба да се потценува, истакна Николоска по денешниот состанок на прилепскиот кризен штаб.

Во Пирлеп досега се направени вкупно 250 тестови.

– Секој ден од матичните лекари се закажуваат од седум до десет тестови, по епидемиолошка индикација по седум до осум тестови и од инфективното одделение. Секојдневно до Институтот за јавно здравје се испраќаат од 15 до 25 тестови. Досега, поради појавата на коронавирусот се затворени три компании во градот. Тоа е на доброволно барање на работодавците. Тие фирми се времено затворени, додаде Николоска. ем/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици 

Приведени возачи од Холандија и Србија, на автопатот А-1 возеле со двојно поголема брзина од дозволената