Утрински Весник
Свет

Нови земјореси кај Петриња

Нови земјореси кај Петриња

Нов земјотрес ја потресе областа Петриња во Хрватска. Според Сеизмолошката служба, земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтер го потресе Петриња во 14,28 часот.

Изутринава истата област беше погодена од уште еден послаб земјотрес од 3,8 степени според Рихтеровата скала, како што соопштија од Сеизмолошката служба. Тој земјотрес беше почувствуван и во Загреб, а епицентарот бил на 6 километри 6 југозападно од Петриња, во близина на селото Страшник.

Ова се најновите потреси во низата доста силни земјотреси што беа забележани во округот Сисак-Мословац.
Синоќа земјата во Бановина силно се тресеше, а во 18.01 силен земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтер ја погоди Петриња.

Од разорниот земјотрес што ја погоди областа на 29 декември 2020 година, сеизмолозите забележаа неколку десетици земјотреси на ден во областа Петриња, Сисак и целата округ Сисак-Мословац.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока