Во Италија, бројот на нови случаи заразени со вирусот „Ковид-19“ повторно расте и, според најновите податоци, тој се зголемил за повеќе од 300 за прв пат во последниот месец, а и низ целата земја се идентификувани нови жаришта.
Според италијанските медиуми, бил откриен кластер во регионот Молисе, каде што биле заразени седум лица од Венецуела, од кои пет пристигнале во Кампобасо од Србија.
До пред неколку недели, половина од италијанските региони беа без нови случаи на Ковид-19, додека сега само долината на Аоста е без нови случаи на коронавирус.
За прв пат од 18 јуни, бројот на нови случаи на дневна основа надмина 300 и изнесува 306, додека само два дена порано имаше 129.
Меѓу новите жаришта е Тренто, каде што се пријавени десетици случаи, а вирусот е идентификуван и во старечки дом во Болоња каде што има 15 позитивни случаи.
Италијанската влада планира да ја продолжи вонредната состојба до 31 октомври, а регионалните претседатели размислуваат за нови мерки за да се спречи ширењето на вирусот „ковид-19“, кои првенствено ќе се однесува на вечерни излегувања и собири на луѓе.
Во Италија досега со Ковид-19 се заразени 245.338 лица, од кои 12.404 се активни случаи, а 35.092 починале како резултат на вирусот