Утрински Весник
Свет

Нови дојави за бомби во училишта во Србија

Голем број училишта во повеќе градови во Србија утрово добиле дојави за бомби, информираат српските медиуми.

Дојави имало во училиштата во Белград, Ниш, Крушевац и други градови, но и во српски училишта во Косово.

Родителите биле известени децата да не доаѓаат на училиште и дека наставата ќе се одржува онлајн.

Србија извесно време се соочува со овој проблем, пришто се испоставува дека станува збор за лажни дојави.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија