Утрински Весник
Свет

Нови детали за авионот што исчезна во Сплит: Патниците биле од Германија и Хрватска

Со авионот што денеска претпладне изчезна набрзо по полетувањето од Сплит управувал Швајцарец, двајца патници биле Германци, а еден со хрватско државјанство беше соопштено вечерва неколку часа по исчезнувањето на леталото кое требало да патува за Германија.

Оваа информација полицијата ја добила во соопштението за летот од регионалната контрола на летови Сплит, изјави за Нова ТВ началникот на полициската управа во Карловац, Дарко Братиќ.

Во тек е голема потрага по исчезнатиот авион кај Слуњ. Учествуваат стотици луѓе – од припадници на ХГСС до полицајци до припадници на цивилната заштита.

Можете да прочитате

Кремљ: Сè уште не е одлучено дали Путин ќе учествува на самитот на Г-20 во Мајами

Трамп не се противи Кина да произведува автомобили во САД

Масовен протест во Даблин против посетата на Доналд Трамп на Ирска