Утрински Весник
Магазин

Новиот „Спајдермен“ не доаѓа во „Дизни плус“

Стриминг-платформата „Дизни плус“ можеби е дом на повеќето хитови од филмскиот универзумот на „Марвел“, но нема да го смести омилениот суперхерој, човекот-пајак.

Правата на најновиот во серијалот, „Човек-пајак: Далеку од дома“ ( Spider-Man: No Way Home) , заедно со претходните два, „Враќање дома“ (Homecoming) и  „Далеку од дома“ (Far From Home), се во сопственост на „Сони“, поради што суперхеројот Спајдермен не доаѓа во стриминг-сервисот на „Дизни“.

Наместо тоа, „Далеку од дома“ќе се емитува на AXN Asia во регионот на Азија Пацифик, заедно со други кино-изданија на „Сони пикчрс ентертејнмент“ како Venom: Let there Be Carnage, Uncharted, Morbius и Ghostbusters: Afterlife.

Можете да прочитате

Пет тајни за подобро здравје, подолг живот и младешки изглед

Култното дуо Мекартни-Ленон се обнови: Синовите на славните Битлси објавија песна

НАСА повикана да се вклучи во потрага по чудовиштето од Лох Нес