Утрински Весник
Свет

Новиот претседател на Шри Ланка положи заклетва

Поранешниот премиер на Шри Ланка, Ранил Викремесинг, положи заклетва како нов претседател на земјата, која се соочува со невидена економска криза.

dobivaj vesti na viber

Викремесинг положи заклетва пред главниот судија Џајант Јајасуирија на церемонијата одржана во зградата на парламентот во Коломбо, пренесува АП.

Парламентот на Шри Ланка претходно во средата го избра Викремесинг (73) за шеф на државата со мнозинство гласови за да го заврши мандатот на поранешниот претседател Готабаја Рајапакса, кој избега од земјата и поднесе оставка откако демонстрантите упаднаа во неговата резиденција.

За Викремесинг гласаа 134 од 225 пратеници. Се очекува Викремесинг да биде на власт до 2024 година, до крајот на мандатот на Рајапакса.

Можете да прочитате

САД управуваа со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта

Европа се обединува околу нови принципи за безбедност

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“