Еден месец по почетокот на војната во Украина, новинарот на Би-Би-Си Џереми Боуен се врати во Ирпин. Овој град недалеку од Киев стана клучен во битката за главниот град.
Украинските сили велат дека ги туркаат руските војници од областа Ирпин. Но, како што Русите се повлекуваат, нивното гранатирање на градот станува се посилно.
Над уништениот мост на реката Ирпин, украинските војници во мали групи се приклучуваат на одбраната на градот. Малкуте цивили кои се уште останаа го напуштаат градот.
– Многу е лошо. Деца умираат, сите умираат – вели еден од цивилите кои го напуштаат градот.
Украинските сили ги одбиле сите руски обиди да влезат во градот, но Русите одговориле со нивното омилено оружје – артилериски напади.
– Тука бевме пред три недели, но разликата е огромна. Сè е уништено – вели Боуен.
Меѓу војниците е и поранешниот британски војник Шејн Метјус кој го брани Ирпин во улога на снајперист и болничар. Тој вели дека ова е најлошата ситуација што ја доживеал.